X
 15.06.2017 Наука

По 130 години научниците можеби повторно го откриле осмото светско чудо

Откако повеќе од еден век биле закопани од вулканска ерупција, долго изгубените розеви и бели тераси од Нов Зеланд, може конечно се повторно откриени под наноси од кал и пепел.

фото извор: J. C. Hoyte

Еднаш сметани за природно светско чудо и како најголеми наслаги на силициум на Земјата, се стравувало дека овие тераси биле уништени за време на ерупцијата во 1886 година. Сега истражувачите велат дека лоцирале каде биле закопани и се сомневаат дека некои од нив се добро сочувани.

Вакви наслаги се случуваат кога минерали од гејзири формираат кора, па се создаваат природни тераси или конуси околу водена површина. Независен истражувач споделил информации од дневник кој го водел научник од 19 век. Во неговите забелешки имало информации за локациите на терасите. Ерупцијата не го закопала само природното светско чудо, туку го изменила и релјефот во околината, па овие истражувања ќе продолжат и понатаму за да се потврди дали навистина се работи за точната локација на терасите.

Истражувачите очекуваат набрзо да се откријат повеќе информации за ова загубено чудо на природата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука