X
 15.06.2017 Култура

Роамингот во Европа од денес е бесплатен - не и за Македонија

роаминг

Новата регулатива важи исклучиво за земјите на ЕУ/ЕЕА со политика на праведна употреба.

Од денес во земјите во ЕУ започнува да се спроведува новата регулатива која предвидува корисниците во роаминг или во мобилните мрежи во странство да плаќаат цени од своите тарифи во матичните земји, но телеком аналитичарите предупредуваат на претпазливост при трошењето на мобилниот интернет и советуваат корисниците да користат бесплатен wi-fi онаму каде што е возможно.

Роаминг значи дека корисниците „гостуваат“ во други мобилни мрежи надвор од своите земји, а новата регулатива која е подготвувана повеќе од 10 години со многу отпор, институции и оператори во Европа, сега носи промени во регулативата на Европскиот парламент и Советот, кои ги изменија претходните правила за роамингот, па така цената на роаминг услугите ќе биде еднаква на домашните цени.

Аналитичарите се согласуваат дека новата регулација на роаминг корисниците најмногу ќе ја почувствуваат на говорните повици и СМС пораките, меѓутоа потребно е да бидат внимателни затоа што за мобилниот интернет и пренос на податоци може да имаат трошоци кои би можеле да ги изненадат.

„Ако во вашата земја имате неограничена тарифа за податоци и евтини мобилна тарифа за податоци, вашиот оператор може да примени ограничување на податоците во текот на роамингот. Ако е тоа случај, операторот мора претходно да ве извести и да ве предупреди“, советуваат од Европската комисија.

Новата регулатива на роамингот е само за земјите на ЕУ/ЕЕА, така што Македонија не спаѓа во регулативата.

Од „VIP“ известуваат дека регулативата не важи за нашата земја, па така кога патувате морате да приклучите роаминг.

„Новата регулатива не важи за Македонија. Граѓаните треба да приклучат роаминг и да знаат дека цените се поскапи кога разговараат и испраќаат пораки во роаминг“, известуваат од „VIP“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура