X
 16.06.2017 Образование

Државниот студентски центар „Скопје“ должи над 280 милиони денари

dom

Министерството за образование и наука согласно определбата на Владата на Република Македонија за отчетност пред граѓаните, има обврска да ја информира јавноста за заостанатите долгови на Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“.

Имено, согласно податоците за неподмирени и преземени обврски на ДСЦ „Скопје“ – Скопје, до 31.05.2017 година, долговите достигнуваат 282.754.637,00 денари, како што може да се види и од прилогот кој Ви е доставен. Само за илустрација, на име на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт ДСЦ „Скопје“ има долг од 101.720.685,00 денари до крајот минатиот месец.

dolg
 
Доколку, раководството на ДСЦ „Скопје“  - Скопје, навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ но и во останатите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите.
Министерството за образование и наука, како што претходно информиравме, вложи напори за надминување на проблемот со електричната енергија во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и студентите кои се сместени во истиот да ги добијат основните услови за престој.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование