X
 16.06.2017 Технологија

Најдобрите чатботови на „Messenger“

бот

Колку технологијата повеќе се развива, толку животот може да ни стане непотребно комплициран, наместо да биде спротивното. За секоја мала работа нè тера да преземеме некоја апликација, да се логираме на одредена страна или пак да дадеме одредени информации.

Апликациите повеќе ја немаат истата атрактивност како што имаа пред неколку години, поради што девелоперите сè повеќе се насочуваат на ботовите. Сосема едноставно кажно, ботовите се еден вид мини-апликации кои можат да извршуваат автоматизирани задачи, како што се местење на аларм, давање спортски резултати и слично.

Ботовите интегрирани во „Facebook Messneger“ не бараат регистрација, не бараат преземање на посебни апликации. На корисниците им се сервирани на препознатлив и едноставен начин. Доволно е да одите на страницата за ботови, да притиснете испрати порака, па потоа директно да се префрлите во месенџерот, во кој можете да ја започнете интеракцијата.

Заедничко им е тоа што можете да разговарате како со вистинска личност. Сепак, фразите се шаблонски, но како што ботовите се развиваат со помош на вештачката интелигенција и машинското учење, така фразите стануваат поприродни.

Ова се најдобрите ботови.

1. Mica, The hipster cat bot

1

Можете да го користите овој бот кога ви треба некое хипстерско место каде можете нешто да јадете или да се напиете. Може да испратите директна локација преку месинџер или да го напишете името на градот каде што сакате да барате место за јадење.

2. Poncho

2

Бот кој може секојдневно да дава прогнози, дури и повеќе пати, а може да ја даде и моменталната метеоролошка состојба генерирајќи слики од прогноза, додека другите временски ботови воглавно користат емотикони.

3. Sequel Stories


3

Овој бот внесува крими приказни во месинџерот, во кој приказната се случува како да се допишувате со некој, а со самото тоа сте подлабоко инволвирани во приказната.

4. theScore Bot


4

Овој бот ви овозможува да добивате резултати и вести кои се однесуваат на одредени клубови.

5. MemeGenerator Bot

5

Понекогаш пребарувањето за идеално меме кое би ја опишало ситуацијата е тешко и напорно. Наместо да го пребарувате цел интернет и да барате меме генератори, со овој пот е многу поедноставно.

6. Unicorn Bay

6

Бот кој ви овозможува да ги следите акциите на берзата.

7. Hello Jarvis

7

Бувот преку месенџер може да ве потсети на различни работи за кои ќе побарате да ве потсети.

8. Instalocate

8

Наместо да одите на веб страници на аеродроми или авиопревозници за да проверите кога е вашиот лет и дали дошло до некакви промени, попрактично е само да го напишите бројот на летото, па ботот ќе ви ги даде сите информации за него.

9. Alex WikiMessenger - Wikipedia Bot

9

Еден од попрактичните ботови служи за пребарување на Википедија на англиски јазик. Доволно е да го напишете поимот за кој сакате да дознаете повеќе, а после тоа ботот ви испраќа линквои за кои смета дека се релевантни.

10. Beer Bot

10

Бот кој ви овозможува да ги истражувате сите видови на пива и пиварници кои се во ваша близина.

Автор: Иван Лузар
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија