X
 16.06.2017 Наука

Ново научно откритие: бебињата уште во утробата можат да препознаваат лица и форми


Бебе во утроба
(Фото: Pinterest)

И самото зачнување и развојот на детето во мајчината утроба претставуваат вистинско чудо на животот. За тоа што се случува со бебето додека е во мајчината утроба, се расправа со векови.

Начинот и брзината со која се развива фетусот се восхитувачки. Благодарение на  развојот  на науката и технологијата, снимките на бебињата во мајчината утроба откриваат бројни непознати нешта.

Истражувањата на  пренаталниот слух утврдиле дека истиот се развива многу рано во пренаталниот период. Затоа и на идните мајки, лекарите им советуваат да слушаат ведра и смирувачка музика, затоа што истата го подобрува развојот на фетусот.

Неодамна, научниците утврдиле дека бебињата во утробата можат да препознаваат и надворешни сенки, форми, лица кои ќе ги сретнат подоцна во животот. Тоа го потврдуваат и нивните чести движења.

Професорот Винсент Рид од Универзитетот во Ланкастер, кој ги води овие истражувања, вели: „Во студијата покажавме дека бебињата ја придвижуваат главата во насока на она што им предизвикува интерес. Заклучивме дека преферираат да гледаат во лицата кои им се во близина, отколку во некој друг стимуланс или извор на светлина. Сега со сигурност знаеме дека детето во мајчината утроба јасно ги препознава формите и ги бира токму оние кои му одговараат“.

Приказната за фетусот и неговиот развој полека се надополнува. Она што мајките инстинктивно го знаат – сега го потврдува и науката. Затоа, научниците напоменуваат дека бремените жени треба да посветат внимание и на средината каде што се движат и живеат, бидејќи и опкружувањето влијае врз развојот на бебето.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука