X
 16.06.2017 Вработување

Оглас за вработување во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи Службен
весникна Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12,
13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни
медиумски услуги објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

1. За вработување во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на следното работно место:

Виш соработник за технологии и одржување на информатичкиот систем во Одделението за информатичка поддршка и технологии при Секторот за информатичка поддршка и општи работи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 1 (еден) извршител, на неопределено време.


2. Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите за работното место од точка 1 од овој јавен оглас, потребно е да ги исполнувааат и следните услови, и тоа:

-ВСС, стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен на образование, технички или информатички науки; најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
- активно познавање на англиски или француски или германски јазик; одлични раководни способности; способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок; исполнителност, самоиницијативност;
- чесност и лојалност; фективна вербална и писмена комуникација;
- способност за тимска работа.

3. Дневно работно време: од 08:00/08:30 часот до 16:00/16:30 часот.

4. Неделно работно време: 40 часа.

5. Распоред на работното време: од понеделник до петок.

6. Основната нето плата за работното место за кое се бара работник, изнесува: 33. 341, 00 денари.

7. Кандидатите, кон молбата, треба да ги достават следните документи:

мотивационо писмо;
кратка биографија (CV),
образецот за кратка биографија да се преземе од веб страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (www. avmu. mk);
диплома за завршено високо образование или уверение за положени испити;
уверение за државјанство;
документ/доказ за работно искуство;
документ/доказ за активно познавање на англиски или француски или германски јазик.

8. Потребната документација кандидатите ја доставуваат во оригинал или како копија заверена на нотар. Секој од учесниците на јавниот оглас има право да достави и друга документација за сопствено презентирање.

9. Рокот за пријавување на кандидатите трае 7 работни дена сметано од денот на објавувањето.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45 дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.
Некомплетните и ненавремено поднесени документи нема да се разгледуваат.

Документите се доставуваат на адреса на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, Палата Панко Брашнаров, ул. „Македонија" бр. 38, 1000 Скопје, или во архивата на Агенцијата од 08. 00 до 16. 00 часот.
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Виш соработник за јавни набавки и административно технички работи во Одделението за јавни набавки и општи работи при Секторот за информатичка поддршка и општи работи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 1 (еден) извршител, на неопределено време.

2. Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите за работното место од точка 1 од овој јавен оглас, потребно е да ги исполнувааат и следните услови, и тоа:

-ВСС, стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен на образование, од областа на правото или економијата;
- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
- активно познавање на англиски или француски или германски јазик;
- оспособеност за работа со компјутер;
- способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок;
- исполнителност, самоиницијативност;
- чесност и лојалност;
- ефективна вербална и писмена комуникација;
- способност за тимска работа.

3. Дневно работно време: од 08:00/08:30 часот до 16:00/16:30 часот.

4. Неделно работно време: 40 часа.

5. Распоред на работното време: од понеделник до петок.

6. Основната нето плата за работното место за кое се бара работник, изнесува: 33. 341, 00 денари.

7. Кандидатите, кон молбата, треба да ги достават следните документи:
мотивационо писмо;
кратка биографија (CV),
образецот за кратка биографија да се преземе од веб страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (www. avmu. mk);
диплома за завршено високо образование или уверение за положени испити;
уверение за државјанство;
документ/доказ за работно искуство;
документ/доказ за оспособеност за работа со компјутер;
документ/доказ за активно познавање на англиски или француски или германски јазик.

8. Потребната документација кандидатите ја доставуваат во оригинал или како копија заверена на нотар. Секој од учесниците на јавниот оглас има право да достави и друга документација за сопствено презентирање.

9. Рокот за пријавување на кандидатите трае 7 работни дена сметано од денот на објавувањето.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45 дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.
Некомплетните и ненавремено поднесени документи нема да се разгледуваат.
Документите се доставуваат на адреса на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, Палата Панко Брашнаров, ул. „Македонија" бр. 38, 1000 Скопје, или во архивата на Агенцијата од 08. 00 до 16. 00 часот.
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Активен до:    26.06.2017

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување