X
 20.06.2017 Образование

На 57-та Машинијада во Будва, учество зедоа студентки од Техничкиот факултет при УКЛО

masinijada
Фото: Vesti.mas

Од 8 до 13 мај 2017 година, во Будва, Црна Гора беше одржана 57-та Машинијада. Станува збор за  традиционално собирање на студенти и професори од машинските факултети од просторите на бивша Југославија. 15 –те машински факултети учесници на настанот беа претставени со близу 1000 студенти од полето на машинство меѓу кои и студенти од Техничкиот факултет во Битола, единица на УКЛО.

Овој интересен собир на младите машинци беше повод да пренесеме дел од впечатоците и импресиите на македонските студенти кои ја потврдија максимата дека техничките науки и машинството- не се машка професија, особено во услови кога целиот развој на современите општества се базира на техниката и од причина, што со нивниот пример и учество на настанот покажуваат дека е потребен труд, упорност, посветеност – за да се постигне успех, порака што ја упатуваат до сите идни машинци, до сите идни студенти.

Еве ги нивните впечатоци:

На покана од организаторите на Машинијадата, т.е. поточно од Машинскиот факултет во Краљево нашиот факултет, Технички факултет – Битола, по втор пат зеде учество на оваа 57 по ред Машинијада. Прв пат учествувавме минатата, 2016 година. Оваа година учествуваваме 4 студентки од машинскaта насока: Ирена Андоновска, Симона Симоска, Елена Ѓероска, Тамара Иваноска, сите трета година, општо машинство.

Духот на Машинијадата е посебен поради натпреварите по знаење и спорт, кои и даваат посебно чувство и сјај на самата манифестација. Ние како факултет зедовме учество во натпревар по знаење, односно по предметот Механика 2 каде освоивме 5 место од вкупно 10 факултети. Сепак, во однос на другите факултети каде што учествуваа и до 70-80 студенти, и ова место е успех за нас како факултет со толку малку учесници. Се подготвувавме 1 месец пред натпреварот самостојно.

2
Фото: Vesti.mas

Исто така, мора да се споменат и забавите кои се прават на оваа манифестација. Покрај отворањето на Машинијадата каде се претставуваат факултетите кои учествуваат на манифестацијата и затворањето на Машинијада, каде што се доделуваа медалите на факултетите кои освоија награди кое беше одржано во ноќниот клуб „Трокадеро“, имаше и журки и забави што се одржуваа покрај море. Во текот на тие 6 дена се дружевме, се забавувавме и се запознавме со многу колеги со кои разменувавме искуства како на полето на машинството, така и за самата средина во која живееме, т.е. градовите и различните култури но и интересите, верувањата  и кои не приближуваат едни кон други.

Голема благодарност должиме на нашиот, Технички  факултет  - Битола, кој ја препозна важноста да се учествува на ова манифестација и ни даде несебична подршка. Покрај посебната благодарност до нашиот декан проф. д-р Стојанче Нусев и продеканот за настава проф. д-р Верица Данчевска за големата поддршка и нашиот студентски парламент. Сакаме да нагласиме дека и нашиот Универзитет со голема доверба и поддршка излезе во пресрет на нашето успешно учество на овој значаен, меѓународен  настан.

Нашата порака до идните студенти на Техничкиот факултет Битола и УКЛО е поврзана и со студирањето и со студентскиот активизам: со сета своја енергија, младешки жар, интерес и ентузијазам да се „нурнат“ во академските води и со радост да ги откриваат новите перспективи на едукацијата и студентскиот живот. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование