X
 20.06.2017 Технологија

Сѐ што треба да знаете за новиот „iPhone 8“

По сè изгледа дека ова ќе биде голема година за фановите на „Apple“, бидејќи токму оваа година се одбележуваа 10 години од излегувањето на првиот „iPhone“.

фото извор: news.com.au

Според гласините, новиот смартфон „iPhoen 8“ ќе биде далеку попристапна цена отколку што се претпоставува, односно дека ќе чини речиси исто како и „iPhone 7“(околу 110 долари). Смартфонот наводно ќе содржи 256 GB меморија, технологии со зголемена реалност, 3Д сензори и квалитетен „OLED“ дисплеј. Се очекува телефонот да биде пуштен во продажба во септември.

Аналитичарите сметаат дека наводно, новиот смартфон ќе биде пуштен во продажба со бесплатни „Airpods“ – интересните „wireless“ слушалки.

Фацијалното препознавање, ласер, „OLED“ екран – ова ќе биде само дел од она што ќе го поседува новиот смартфон. Се очекува да има и опција за „wireless“ полнење. Не се знае дали ќе биде присутно копчето „home“, но најверојатно целата предна страна на телефонот ќе биде екран. Можно е и да има сензор за идентификување на отпечатоци од прсти, а каде што е менито да има виртуелен простор за функции каде што ќе може да се активираат апликации и музика.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија