X
 20.06.2017 Живот

Владимир Путин: „Јас сум најбогатиот човек не само во Европа, туку и во светот. Собирам емоции“

Сите го знаеме моќниот Владимир Путин. Поранешниот КГБ агент од 1999 до 2000 година и од 2008 до 2012 година беше премиер на Русија, а од 2000 до 2008 и од 2012 па ден денес тој е нејзин претседател.

putin
Фото:  Associated Press

Додека некои луѓе го фалат неговото делумно враќање на економијата во Русија, неговиот мандат ја испрати земјата назад во авторитаризмот - барем така тврди Индекстот на демократијата на „Economist“.

Ова се некои од неговите цитати кои даваат увид во тоа како Путин го гледа светот.

„Не сум жена, така што немам лоши денови“ - Рускиот претседател има богата историја на сексистички коментари.

„Задачата на владата не е само да става мед во чашата, туку некогаш да даде и горчлив лек“ - После најавувањето дека сака повторно да се кандидира за претседател во 2012 година, Путин изјави дека на руската влада ѝ се потребни контроверзни чекори за да се справи со последиците од финансиската криза од 2008 година.

„Опасно е да ги охрабриш луѓето да се сметаат за извонредни, без разлика на мотивацијата“ - Путин се потсмеваше на идејата за американска исклучителност.

„Понекогаш неопходно е човек да биде сам за да докажи дека е во право“ - На самитот G-8 во 2014 година, Путин се судри со останатите светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, во врска со помош и поддршка за сириските бунтовници. После тензични разговори, тој го бранеше неговото противење на овој потег.

„Колку повеќе ги запознавам луѓето, толку повеќе ги сакам кучињата. Јас, едноставно обожавам животни“ - Путин е познат по тоа што ги сака животните. Тој го има 15 годишниот црн лабрадор Кони, акитата Јуме и каракачанското куче Бафи.

„Јас сум најбогатиот човек не само во Европа, туку и во светот. Собирам емоции“ - Не се знае точно колкава е вредноста на богатството на Путин. Се претпоставува дека станува збор за 40 милијарди.

„Веројатно нема сѐ секогаш да биде во ред. Но, мора да се потрудиме да биде“ - Во 2013 година, Путин одржа сесија за прашања и одговори која траеше 4 и пол часа. За време на сесијата, еден новинар го праша Путин: „Дали сѐ ќе биде во ред?“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот