X
 21.06.2017 Култура

Дали со посетата на Северна Кореја туристите го ставаат животот на коцка?

Патувањето во Северна Кореја отсекогаш бил предизвик за оние кои се авантуристи и кои бараат нешто ново.

северна
Фото: Reuters

Но, смртта на американскиот студент Ото Вармбиер би можело да ги натера авантуристите да размислат двапати дали да ја посетат најтаинствената земја во светот.

22 годишниот Ото бил уапсен во Северна Кореја за кражба на пропаганден знак, а почина една недела откако се вратил дома во кома.

Фотографијата која може да се најде на онлајн форумите за патување ги подели мислењата на луѓето - Кореја е или земја која луѓето навистина сакаат да ја видат, или не се осудуваат да ја посетат.

Коментарите против патувањето се движат од загриженоста за безбедноста до осудување на целата идеја за „субвенционирање на бруталниот режим“ и повикување на бојкот на туристичките групи. Оние кои сакаат да ја посетат земјата, остануваат заинтригирани од бизарната природа на дестинацијата и укажуваат на тоа дека туристите треба внимателно да се држат до правилата за да бидат безбедни.

Туристичките агенции кои нудат патувања во Северна Кореја, често ја опишуваат земјата како „магична земја“, „едно од последните недопрени места во светот“ и „надреално животно искуство“.

2
Фото: Reuters

Свесни за загриженоста за можните ризици, повеќето туристички агенции експлицитно се осврнуваат на овие грижи и едногласно истакнуваат дека Северна Кореја е безбедно место за посета.

Од агенцијата „Young Pioneers“ со која Ото патувал до Северна Кореја изјавија дека изразуваат длабоко сочувство кон семејството на Ото, додавајќи дека начинот на неговото притворање бил ужасен. Сепак, тие велат дека земјата е безбедна сé додека се преземени мерки на претпазливост, истакнувајќи дека апсењето на Ото било единствено во изминатите 10 години.

Меган Ласина, 28 годишна девојка од Лос Анџелес учествуваше на маратонот во Пјонгјанг во април. Таа вели дека не би ја донела истата одлука сега.

„Пред да заминам ги запрашав пријателите: „Ако ме уапсат, дали ќе го посветите животот за да ме ослободите?“. Очигледно се шегував, но имав слушнато за слични приказни.

Пред да одам, слушнав различни мислења за тоа дали треба да одам, но не сакав да имам едностран поглед кон земјата и луѓето.

3
Фото: Reuters

Мило ми беше што отидов и искусив многу работи, но не би можела да замислам да одам сега, со оглед на околностите и после тоа што му се случи на Ото Вармбиер“, вели Ласина.

Агенцијата „Young Pioneers“ во изјава рече дека повеќе нема да организира патувања за американските државјани во Северна Кореја.

Другите туристички агенции кои нудат посета во Северна Кореја, изнесоа слични изјави, најавувајќи дека ќе разгледаат дали сé уште можат да прифатат американски граѓани за нивните патување.

Генерално, патувањето во Северна Кореја за американските државјани е легално, но американскиот државен оддел ги предупредува граѓаните да не ја посетуваат земјата и имаат намера да ги спречат да го права тоа.

„Сметаме дека треба да поставиме ограничувања во вид на визи за патување во Северна Кореја. Не дојдовме до финален заклучок, но ја разгледуваме оваа опција“, вели државниот секретар Рекс Тилерсон.

Фред Вармбер, таткото на Ото, ги критикуваше туристичките агенции бидејќи привлекуваат Американци во затворена земја, обезбедувајќи „храна“ за Севернокорејците, па така неговиот син станал храна за Севернокорејците.

Освен традиционалното патување кое нуди тура во главниот град и околу, се зголемува притисокот за понуда на понормални туристички активности кои не се фокусираат само на бизарните елементи на последната диктатура во светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура