X
 21.06.2017 Живот

Денот нека почне здраво!

Познато е дека секојдневното консумирање на појадок е една од најздравите прехрамбени навики, а неговото прескокнување многу брзо остава траги по енергетскиот биланс, продуктивноста, но и по телесната тежина. Сепак, не е важно само да се јаде, туку и да се внимава за тоа што се внесува.



Квалитетните продукти се клуч за здрав појадок, а за идеалнен избор се смета комбинација од млечни производи како извор на протеини и на калциум, интегрални пецива или снегулки, како извор на сложени јаглехидрати и овошје, како извор на растителни влакна, витамини и минерали.

Млечните производи и намази се најважни представници на таа моќна дружина. Нутритивно, се работи за намирници со импресивен состав, што се издвојуваат по своите протеини и се значаен извор на калциум неопходен за здравјето на коските. Калциумот во овие продукти се наоѓа во поволен сооднос со фосфорот, па неговата искористливост е голема. Млечните производи исто така содржат цинк што е неопходен за правилно функционирање на имунолошкиот и на репродуктивниот систем. Тука се и витамините Б6, Б12, витаминот А, но млечните продукти се и едни од ретките прехрамбени производи што се извор на витамин Д. Предност на редовното консумирање на млечни прозиводи е и тоа што тие ја неутрализираат киселоста во усната шуплина, па така штитат од кариес. Од овие и многу други причини важно е секојдневно на нашето мени да се наоѓаат млекото и млечните производи.



Во тој контекст, тимот на Президент иницираше акција за промоција на здравите навики и зачувување на општото добро здравје, сервирајќи бесплатен појадок на гостите во арт-кафето Концепт 37. Тимот на Президент сакаше да ги поттикне и да ги потсети младите на потребата од превземање на поголема одговорност кон сопственото здравје, имајќи го предвид нивното еуфорично секојдневие. Појадокот со Президент Салакис, Президен путер, Президент топено сирење, како и свеж, вкусен зеленчук ги развесели сите и им овозможи да ја доживеат неодоливата страна на животот.

Знаејќи дека рамнотежата и добриот баланс во организмот го нарушуваат долгите часови поминати на работното место, стресот, пушењето и медикаментите, тимот на Президент им приреди на гостите во ова арт-кафе богат оброк со многу хранливи материи, витамини и минерали, идеален за здрав почеток на денот.

Во оваа акција тимот на Президент сакаше да допре до поединците што поради околностите на работа, најчесто го забораваат овој најважен оброк во денот, компромитирајќи го своето добро општо здравје и физичка благосостојба. Погледнете дел од атмосферата и воодушевувањето на присутните.
Тагови:

Издвојуваме

Живот