21.06.2017
Вработување
Оглас за вработување во Систина Офталмологија
“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.
Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија објавува оглас за вработување на:
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА
Локација:Битола
Потребни квалификации:
Завршено минимум средно Медицинско образование (смер Медицинска сестра)
Положен државен испит
Со или без работно искуство
Пожелно е познавање на англиски јазик, а грчкиот јазик ќе се смета за предност.
Работа со компјутери
Профил на личност:
Организираност и одговорност
Одлични комуникациски вештини
Професионалионален и љубезен однос кон клиентите
Способност за индивидуална и тимска работа
Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
Способност за работа под притисок и со кратки рокови
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: contact@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака „За оглас за Медицинска сестра“.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
За здравјето, најважни се знаењето и искуството бидејќи ЗА ЖИВОТОТ СЕ РАБОТИ!
Активен до:
05.07.2017