X
 22.06.2017 Култура

„Амазон“ патентираше нов начин на „борба“ со конкуренцијата


Амазон Гоу
(Фото: Youtube/Screenshot)

Заради пониските цени во споредба со останатите трговски маркети, „Амазон“ отсекогаш бил добро место за споредување на различни цени за слични производи во различни трговии. Купувачи пред  да одлучат дали ќе набават некој производ или не, најчесто преку интернет ја истражувале цената на истиот производ во „Амазон“. Сега, оваа компанија одлучи да го оневозможи тој лесен пристап до податоци, особено во нивните сопствени класични продавници, кои неодамна „Амазон“ почна да ги отвора, како уште една форма на понуда на своите производи, освен онлајн трговијата.
 
Патентот наречен Physical Store Online Shopping Control прецизно до детаљ го прикажува механизмот со кој продавниците би можеле да блокираат одредени интернет страници и зборови во рамките на пребарувањето, но само во случај кога купувачот директно е поврзан со Wi-Fi конекцијата на „Амазон“.

Патентниот документ дополнително се занимава и со начинот на кој истите тие информации ќе може да ги користи за сопствени потреби. На пример, кога системот ќе забележи дека нивниот Wi-Fi го користите за да проверите цена на сличен производ во конкурентска фирма, тој едноставно ќе го одбие вашето барање за отворање на таа веб страница. Втората можност која ја нуди овој патент, е на купувачот веднаш да му се понуди сличен или ист производ кој се наоѓа во продавницата, со брза споредба на цените.

Постои и можност за купувачите кои се наоѓаат во продавницата а сакаат да отворат веб-страница на друга фирма, да добијат и бонус-купон за поевтина набавка кај нив, доколку цената на истиот производ кај конкурентот е пониска.
 
Системот исто така ќе им овозможува на вработените да ја утврдат вашата точна локација во продавниците преку триангулација на сигналот. Во тој случај, трговецот веднаш  директно му приоѓа на заинтересираниот купувач, за да му понуди стоки што се достапни во продавницата. Се претпоставува и дека системот би можел да се најде и во продавниците „Амазон Гоу“.

Иако овој патент дури сега излегува во јавност, истиот е пратен на одобрување уште во 2012 година. Политиката на „Амазон“ да не избрзува со новите производи и системи упатува кон тоа дека можеби се работи за дефанзивен патент, со оглед  дека продавниците им се нов производ, со кој се обидуваат да ја „заплашат“ конкуренцијата.

Се разбира, овој систем лесно може да се заобиколи со некористење на нивната безжична конекција. Самата идеја за ваков систем  делува многу инвазивно и може да се толкува како упад во приватноста, нешто против кое „Амазон“ декларативно се бори.
 
Да потсетиме, „Амазон“ е еден од најгласните заговорници за неутралност на интернетот, движење кое се занимава против пренасочувањето и блокирањето на интернетските содржини. Главен интерес на ова движење е да добијат рамноправен пристап за својот стриминг видео-сервис.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура