X
 22.06.2017 Живот

Eдна минута со талентираната Јана Петровска: „Кога танцувам се чувствувам вистинска“

“Можам да танцувам сама во сала 6 часа и воопшто да не се почувствувам исцрпена... Мојата цел е да ја пренесам позитивната енергија и среќна сум што со танцување успевам во тоа...“



Младата Јана Петровска е танчер и кореограф, дел од групата „Beatrix crew, а во моментов студира балетска педагогија. Нејзиониот талент за хип-хоп танцување и има донесено бројни награди на меѓународни натпревари во танцување.

Јана зборува преку движења на телото и создава приказни со танцување.

Најважно за неа е, да биде секогаш се подобра, за да биде инспирација за луѓето околу неа, а најмногу за нејзините ученици од танчерската група.

Ова е една минута со талентираната Јана. Уживајте и танцувајте.



Скопско Smooth и Reborn здружуваат сили во мисија да регрутираат млади луѓе чии таленти, идеи, ставови и вредности заслужуваат да бидат разгласени.

Ако фотографираш, блогираш, создаваш музика, сликаш или креаираш на кој било начин, пријави се на http://reborn.mk/smooth/ . Оваа креативна платформа силно ги поддржува сите кои живеат и делуваат – по свое.

Издвојуваме

Живот