X
 22.06.2017 Живот

Утре топлотен бран, влегуваме во жолта фаза

Во текот на утрешниот ден, според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Од Министерство за здравство предупредуваат граѓаните од целата држава да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.



Препораките се:

-Заштитете се од директна сончева изложеност, избегнувајте престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот

-Носете светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)

-Консумирајте лесна храна и течности. Посебно внимајте при подготовка и јадење на храната. Избегнувајте термички необработени производи, како, на пример, мајонези од домашни јајца, а бидете внимателни и со сладоледите и разни кремови

-Пијте поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а избегнувајте алкохолни пијалаци

-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри

-На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија
-Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, треба да се најде можност за почести одмори под сенка.
Подготвил: М.Ф
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот