X
 22.06.2017 Технологија

Веб страница која ви кажува дали робот ќе ја преземе вашата работа

Во еден истражувачки труд од Оксфорд Универзитетот се вели дека автоматизацијата и роботиката се закана за многу професии.

дрон
Фото: GETTY IMAGES/ISTOCKPHOTO

Во трудот се разгледува колку се чувствителни одредени области на вработување на „компјутеризацијата“ при што се дошло до заклучок дека 47% од работните места можат да бидат заменети со компјутер или робот.

Во трудот се вели:

„Нашиот модел предвидува дека повеќето работници во транспортот и логистиката, заедно со поголемиот дел од луѓето во канцелариите и административната поддршка, како и работницте во производствените погони, се изложени на ризик.

Овие наоди се во согласност со неодамнешните технолошки достигнувања документирани во литературата.

Повеќе изненадува тоа што ние откривме дека значителен дел од вработените во услужните дејности,каде што се случи најголемиот раст во САД во последните декади, се најподложни на комјутеризацијата.“

Неодамна на Редит е споделена е интернет страница која дозволува да дознаете колку е веројатно одредена професија да биде автоматизирана.

Проверете дали и Вие подложите на тој ризик ОВДЕ.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија