X
 22.06.2017 Култура

Вечерва сите во парк! „Пинк Флојд“ во изведба на Филхармонија!

Музиката на единствените „Пинк Флојд“, во оркестрација на Џијан Емин вечерва од 21 часот ќе одекне во Градскиот парк во Скопје. Публиката ќе може да ги слушне ремек-делата на култните „Пинк Флојд“, на отворено на веќе традиционалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“.



Со оркестарот на Македонската филхармонија ќе диригира Џијан Емин, а главен вокал и гитара ќе биде Ади Имери. Бендот е составен од: Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, електричен бас, Александар Пујовски, гитара, Мартин Вучиќ, тапани, Благоја Перуновски, клавијатури, Маријана Николовска, пијано и Владимир Поп Христов, Сара Николовска и Ана Костадиновска, придружни вокали. За време на концертот, на големи платна ќе сликаат уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо, а посетителите ќе добијат бесплатен примерок од книгата „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог.

Концертот ќе одбележи исклучителна сезона на Македонската филхармонија, исполнета со врвни концерти и конечното отворање на салата.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Култура