X
 23.06.2017 Образование

Менаџерската позиција повеќе не е најплатена во светот

Лекарите, хирурзите и анестезиолозите успеваат да го стасаат и надминат високиот менаџмент по своите примања и да станат најплатени професии во светот. Доколку се земе во предвид колку години образование и пракса се потребни за овие професии, како и нивната функција во општеството, со право може да кажеме дека овие професии го заслужуваат епитетот најплатени професии во светот.



Веднаш зад нив се компјутерските инженери, програмерите, електроинженерите и биохемиските инженери. Она што е заедничко за сите овие професии од медицината и IT областа , кои се помеѓу најплатените во светот, е тоа што сите тие се дел од STEM образовните дисциплини.

Што е тоа STEM? Science, Technology, Engeneering, Math или скратено - STEM е едукација и избор на кариери во чиј фокус се четирите области на студии: наука, технологија, инженерство и математика. Сите овие STEM образовни дисциплини не се изучуваат поединечно туку интердисциплинарно и затоа се однесуваат на професии кои се од суштинско значење за долгорочниот успех на една земја.



Денес научните и технолошките иновации се многу важни, заедно со сите нивни придобивки и предизвиците со кои се соочуваме сè повеќе е јасно дека работите се движат во насока на STEM професиите. За да се успее во ова ново технолошко општество базирано на знаење и информации, студентите треба да ги развиваат своите способности во STEM на ниво кое е многу повисоко од она што се сметало за прифатливо во минатото. Изучувајќи ги овие образовни дисциплини, студентите се учат на критичко размислување и се фокусираат на решавање на проблемите во секојдневни ситуации. STEM Едукацијата треба да започне уште од многу рана возраст, со цел да се поттикне интересот кај децата во овие области.

Никогаш не е прерано да се започне со развивање на овие вештини кои се од полза за општеството и за сите нас. Со развојот на овие вештини уште од мали нозе кај децата, им се дава поголема шанса за успех во најразлични животни ситуации. Изборот е ваш, дали во иднина вашето дете ќе биде дел од најважните и најплатените професии во светот или не.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование