X
 23.06.2017 Вработување

Оглас за вработување во МАКПЕТРОЛ

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

ОГЛАС

За вработување на 3 (три) работници на определено време од 3 (три) месеци на работно место продавач II категорија на бензинските станици во Регион Прилеп во Дирекција за малопродажба, и тоа:

- Бензинска станица во Прилеп - 2 работници; - Бензинска станица во Македонски Брод - 1 работник.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 15. 600 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол" А. Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 - Скопје
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена. „МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОПЈЕ
Активен до:    28.06.2017

Издвојуваме

Вработување