X
 26.06.2017 Технологија

Инстаграм воведува нова опција која на многумина ќе им се допадне

zelena

Постои цела плејада на луѓе кои ги следиме на Инстаграм, бидејќи знаеме дека тие нè следат. Без оглед на причината, факт е дека некогаш навистина нè замараат со своите објави.

Постои опција да не ги следиме, но тогаш ќе знаат дека повеќе не ги следиме. Како да ја сокриеме нашата трага и да не ги гледаме фотографиите од луѓето кои не ги сакаме, а да не ги избришеме од пријатели?

Инстаграм моментално работи на опцијата „Favourites“ односно омилени корисници.

Целта на оваа опција е со зелена боја да се означат луѓето со кои ќе ги споделувате фотографиите и чија содржина ќе ја гледате. Луѓето кои се на листата или кои се отстранети од листата нема да знаат дека се на неа или надвор од неа.

zelena

Како што на Фејсбук постои опција „Hide“ со чија помош можете да ги тргнете објавите од одредени луѓе, така и на Инстаграм е опцијата „Favourites“ во која ќе ги ставите корисниците чија содржина ве интересира.

Оваа опција моментално е во тест фазата, па наскоро се очекува да биде достапна за сите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија