X
 26.06.2017 Култура

Се снима уште една серија базирана на роман од Џорџ Р.Р. Мартин

Романот „Nightflyers“ на Џорџ Р.Р. Мартин наскоро би можел да стане телевизиска серија.

мартин
Фото: Reuters

Ова дело објавено во 80-те години од минатиот век следи група на научници кои ќе одат на патување до најдалечната точка на Сончевиот систем.

Серијата базирана на овој роман ќе ја снима „NBC Universal“, а извршниот директор Бил Мекголдрик вели дека е возбуден што ќе нурнат подлабоко во вознемирувачкиот роман на Мартин.

Според неговите зборови, сценаристот Џеф Булер направил одлична адаптација, па гледачите ги чека одлична серија.

Со оглед на тоа што серијалот на Мартин, „Песна за мраз и оган“ стана една од најпопуларните серии на сите времиња, „Game of Thrones“, не очекуваме ништо помалку од овој нов проект.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура