X
 28.06.2017 Живот

Како земјите од светот гледаат на САД по доаѓањето на Доналд Трамп?

Доналд Трамп има огромно влијание на тоа како светот ги гледа Соединетите Американски Држави, се вели во нова студија.


Интервјуирани биле повеќе од 40 илјади луѓе во 37 држави, оваа година. Прашањата биле поврзани со политиките на претседателот Трамп. Според анкетата, само 2 од 37 држави имале подобро мислење за Трамп отколку за претседателот Барак Обама, а тоа се Израел и Русија.  Сепак, речиси сите сметаат дека односот на нивната земја со САД нема да се смени во наредните години.

Луѓето биле анкетирани на крајот од мандатот на Обама и по почетокот на мандатот на Трамп, па прашани биле дали имаат верба дека новиот претседател ќе постапува правилно во врска со глобалните прашања. Многумина на ова прашање одговориле негативно, но сепак тој за своето кратко владеење успеа да ги посети Израел, Саудиска Арабија и уште неколку земји со кои воспостави пријателски односи.

Поголем број од земјите сметаат дека Трамп е арогантен, а 26 од 37 земји сметаат дека е опасен. Жителите пак, на Латинска Америка и Африканските земји, го гледаат Трамп како силен лидер.

Многу лошо на репутацијата на Трамп се одрази неговата одлука за забрана за пристап во САД за жителите од шест муслимански земји. Повторно, Израел, Унгарија и Русија, го поддржаа Трамп во ваквиот потег.

Експертите сметаат дека иако многумина се загрижени за лидерството на Трамп и го гледаат како опасна фигура, тоа не значи дека тие мислат оти неговото владеење ќе има некаков ефект врз нив.

Ваков е ставот на другите земји, но што е со САД и мислењето на Американците за нивниот нов претседател? Јавното мислење за Трамп е речиси исто како и на почетокот од неговото преземање на претседателскиот мандат. Само 39 проценти од АМериканците сметаат дека Трамп врши добра работа, но од својата партија, односно од Републиканците уште ја има истата поддршка.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот