Денес е среда, 28 јуни 2017 година, 179-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 15 часа и 19
минути.
Уште едно сончево и многу топло утро како најава за температурите кои
што не очекуваат во текот на денот.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во денес ќе биде сончево и многу топло време
со дополнителени пораст на температури кои и денес ќе бидат над просекот
за овој период од годината. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер
кој во западните предели ќе достигне до 15 км/ч. Утринските температури
од 12 до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 27
односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес не очекува претежно сончево и многу топло
време. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 19 степени,
додека пак максималната дневна до 37 степени. УВ индекс 9.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови не очекуваат тропски денови, или
денови со тропски температури. Ќе биде сончево и многу топло време со
температури кои што ќе бидат над просекот за овој период од годината и
висока вредност на ув индексот која што ќе изнесува 10. Во четврток
максималните температури ќе се движат од 30 до 41 степени, во петок од
31 до 42 степени, а во сабота кога се очекува и да биде најтопло
дневните темератури ќе се искачат високо над повеќегодишниот просек и ќе
се движат од 32 до 43 степени. Во недела не очекува промена на
временската состојба, претпладне ќе биде претежно сончево со локална
облачност попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и пад на
дневните температури за околу 6-7 степени, па максималните дневни ќе се
движат од 26 до 36 степени.
Weather4all.com.mk