X
 30.06.2017 Технологија

Како една дупка во ѕидот го промени светот - 50 години од поставувањето на првиот банкомат

Банкоматите постојат веќе 50 години. Првиот банкомат бил поставен во Лондон од страна на „Barclays Bank“. По два дена, поставен бил ваков апарат во Шведска.

фото извор: Lloyds Banking Group Archives & Museum

Со овие настани се одбележал почетокот на она што денеска е центарот на банкарската култура. Успехот на ваквите машини им овозможи на луѓето да прават брзи трансакции, да трошат повеќе пари и да подигнуваат финансии во секое време без чекање редици.

Клиентите имаат задача да го запомнат пинот на кредитната картичка и да подигнуваат пари од машините поставени на повеќе локации. Сега за сите е лесно, но кога за прв пат се појавиле овие машини не знаеле сите како да користат напредна технологија. Тогашните машини биле понесигурни, побавни од сегашните и ги имало на помалку места. Издавале само одредени суми на пари и тоа само во одредено време. На банките и технолошките компании воопшто, потребни им беа години за да се согласат околу одредени стандарди и конечно да понудат можност за 24/7 пристап кон готовина.

До 1970 година, во светот имало помалку од 1500 банкомати, кои биле поставени во Европа, Северна Америка и Јапонија. Потоа до 1980 бројката е искачена на 40.000, а до 2000 на 1 милион.

Дизајнот на машините почна да се менува и да воведува опции и за луѓе со инвалидитет. Ваквото банкарство продолжува да еволуира. Некои банкомати наместо верификација со пин код, функционираат преку мобилни уреди или банкарски картички, додека пак во Полска и Јапонија се користат со биометриско препознавање, односно се идентификува отпечатокот од прстот на клиентот, окото, гласот и слично.

Денес, во светот има 3.5 милиони банкомати ширум светот, а до 2020 година се очекува бројката да биде зголемена за дополнителни 500.000 машини.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија