X
 30.06.2017 Технологија

Научници од МИТ создадоа дрон што може и да лета и да вози по патиштата


Дронот на научниците од МИТ.
(Фото: MITCSAIL / Youtube)

Тим составен од научници и студенти од Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција (CSAIL) од престижниот универзитет МИТ, разви прототип на дрон кој би можел да го забрза развојот на летечкиот автомобил. Имено, нивниот дрон освен што лета, има способност и за возење по терен.

Стандарните дронови можат да маневрираат за време на летањето, но немаат можност да возат по терен. „Дронот со тркала е многу помобилен од обичниот, со само малку намалено време на летање“, објаснува водачот на студијата Брендон Араки, кој штотуку ги довршува своите докторски студии.

За истражувањето, овие прототипови можат да возат 252 или да летаат 90 метри со едно полнење на батеријата, но поголемите верзии ќе имаат и поголем капацитет. Оваа технологија би можела сериозно да го забрза развојот на летечките автомобили, што воедно би значело и решавање на проблемот со сообраќајната гужва во големите градови. Научниците се надеваат на инвестиции од приватниот сектор за да продолжат со развојот на ваквиот тип дронови.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија