X
 30.06.2017 Образование

Панче Кралев еден месец во Малезија ќе предава претприемништво на студенти и средношколци

Поранешниот министер за образование и наука Панче Кралев кој е магистер на Кенеди школата за јавна администрација на Харвард, во јули како еднствен предавач Македонец ќе гостува на „Центарот за лидерство на Азија“ во Куала Лумпур, Малезија. Кралев кој после министерувањето со образование се посвети на својата академска кариера, во Малезија ќе престојува цел јули и ќе има предавања и учество на конференции наменети за средношколци, студенти и менаџери. Темите за кои ќе предава се од повеќе области меѓу кои и претприемништво, запознавање со финансии, а ќе има и кариерно советување.



Инаку Центарот за лидерство на Азија е социјално претпријатие со седиште во Куала Лумпур, Малезија чија главна цел е да овозможи квалитетно образование, обуки, курсеви и предавања кои го пренесуваат искуството од високо престижната образовна институција Харвард. Токму затоа и предавачите од целиот свет, меѓу кои и Кралев имаат или завршено на Харвард или ги поминале различните обуки. Поранешниот министер за образование, всушност по втор пат ќе има можност да им пренесе значајни искуства на младите од Азија. Целиот проект е замислен да создава идни лидери на азискиот континент кои пред се ќе имаат етички и морален компас за потоа да може да се справат со модерните социјални, економски и политички проблеми и предизвици.

Со предавањата на Центарот за лидерство на Азија се опфатени група ученици од последните година од средно училиште, студенти од локалните Универзитети како и менаџери од локални компании. За секоја од овие групи се предвидени посебно адаптирани предавања. Програмите на Центарот секоја година ги посетуваат над 1000 учецници од земјите од регионот.

Панче Кралев е и актуелен претседател на одборот на директори на Македонски Телеком

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование