X
 30.06.2017 Живот

Веб страници кои ќе ви бидат од голема корист

Денес, интернетот стана еден од најважните делови од животот на луѓето и претставува најдобриот извор за учење, како и најдобрата алатка која ви помага да ја убиете досадата.

veb

Може да се каже дека интернетот ни го направи животот подобар давајќи ни можности за учење и правење работи додека седиме дома, во канцеларијата, па дури и кога сме на одмор.

Со толку корисни веб страници, невозможно е да ги знаете сите. Затоа, ви ги нудиме најкорисните за оваа година.

Alternativo - Веб страница која им помага на луѓето да пронајдат алтернативни веб страници, апликации и софтвер.

Random Useful Websites -
Можеби „мајката“ на сите веб страници, затоа што оваа веб страница ги собира сите корисни во една база на податоци.

Who is hosting this
- Ова е важна веб страница за сериозни веб мастери, особено оние кои сакаат да ја видат компанијата која хостира одредена веб страница.

Down for everyone or just me
- Ако сте личност која е зависна од социјалните мрежи и го поминува поголемиот дел од времето на Фејсбук, Инстаграм, Твитер, тогаш сигурно ќе полудите кога овие страници ќе бидат офлајн. И секако, ќе сакате да дознаете дали веб страницата не работи кај сите, или само кај вас.

Аd Block Plus Факт е дека поп-ап рекламите, банерите и видео рекламите се досадни и ве нервираат кога се појавуваат додека пребарувате нешто. Оваа веб страница ви овозможува да ги блокирате сите досадни реклами.

How to pronounce - Ако сакате да научите нов јазик, но не знаете како да изговорите одреден збор, тогаш проверете ја оваа веб страница.

Convert files - Ако сакате да конвертирате било каков документ, аудио документ, видео документ или било кој друг формат, посетете ја оваа веб страница.

Get pocket
- Aко сте виделе некое интересно видео или статија на интернет, но немате време да ја погледнете во моментот, можете да ја зачувате, со тоа што ќе ја ставите во „Pocket“.

Tinyeye -
Сите знаеме како да пребаруваме слики онлајн, но што ако веќе ја имаме сликата, а сакаме да дознаеме од каде е? Ова може да го направите токму со Tinyeye.

Team viewer - Веб страница која ви овозможува да го споделите екранот со било кој и ви овозможува да работите заедно во реално време.

Youtube-mp3 - Конвертирајте видео од Youtube во mp3 формат.

Lastpass - Ова е веб страница која служи како генератор за лозинки, која ги заклучува вашите лозинки и лични информации во безбедна база на податоци.

Anystart
- Со Anystart, веб сурферите ќе имаат лесно искуство во пребарувањето бидејќи овој веб портал ги категоризира најдобрите веб страници на интернет на едно место.

HelloSign - Веб страница со која можете да создадете е-потпис.

Squadhelp - Ако барате подобро име или слоган за вашата веб страница, бренд, компанија, книга или нешто друго, тогаш пронајдете име токму на оваа веб страница.

TuneFind - Тука можете да пронајдете песна или музика која долго време сте ја барале.

Textmechanic - Веб страница која има огромна колекција на алатки за уредување на текст - отстранување на празни дупликат линии, додавање префикс/суфикс и слично.

Keepvid - Една од најдобрите веб страници за преземање на видео.

Archive - Онлајнф непрофитна библиотека во која се наоѓаат милиони логови од веб страници, каде можете да видите многу архивирани верзии на веб страници.

Copyscape - Откријте дали некој направил плагијат од вашата работа и ја објавил на друго место.

Mailinator - Ако сте личност која не сака да го дава мејлот на веб страници бидејќи не сака да добива беспотребни мејлови, тогаш дефинитивно треба да ја посетите оваа страница и да си изберете привремена мејл адреса која подоцна сама се бриши.

Anonymz - Сакате да постирате линк на вашата веб страница, а не сакате другите да дознаат дека сте го поставиле вие? Ова е вистинската веб страница за вас.

Screencast-o-matic - Снимањето на екранот е прилично лесно. Преземете го софтверот и започнете да го снимате екранот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот