X
 01.07.2017 Образование

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј

esej

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј:

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2016/2017 година.

Студентот има право да конкурира за:

- најдобар истражувачки труд
- најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Конкурсот за есеј е тематски,  посветен на екологијата:„Повеќе внимание, ве молам! Студентите за зелена иднина, за нас се работи!“.  Целта на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е да промовира високи вредности и воедно, да ја  поддржи кампањата на ЕУ за подигање на свеста во јавноста и нејзина сензибилизација при истакнување на важноста и одржувањето на чиста животна средина. Европската комисија во Република Македонија е соорганизатор на Конкурсот за најдобар Есеј на УКЛО.

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор.

Начин на доставување на трудовите:

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: istrazuvackitrudiesej2017@uklo.edu.mk

На трудот/есејот не смее да бидат наведени податоци за студентот. Се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31. 10. 2017 година.

Оценување:

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите.

За најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови се доделуваaт плакети и пооделно по три парични награди и за есеите и за истражувачките трудови, и тоа:

· прва награда 20.000 денари
· второ награда 15. 000 денари
· трета награда 10.000 денари

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование