X
 02.07.2017 Уметност

Јунаците на Херман Хесе и нивниот пат кон пронаоѓање и запознавање на себеси

Едно од главните обележја на романите и јунаците кои ги создал Херман Хесе, е патот на пронаоѓањето и запознавањето на себеси. Тој процес често е идентичен на дијалектичкиот процес.


Дијалектиката во текот на историјата на филозофијата го менувала своето значење и обем. Во изворна смисла значи вештина за водење на дијалог. Според Платон, значи поставување на прашања и тражење на одговори или методи на образување поими и сознавање на идеи, единствен пат со кој смртните луѓе можат да располагаат ако сакаат да се воздигнат до увидот на вечните суштества.

Подоцна дијалектиката го поминала патот од доаѓањето до општи идеи од конкретни работи, преку логика на веројатноста до формалната логика. За Кант дијалектиката е логика на привидот, што се бави со она кое на ниеден начин не може емпириски да се потврди.

Во дијалектиката на пронаоѓање има теза – барање, антитеза – сокривање и синтеза – пронаоѓање. Но, специфичната одлика на дијалектиката на барање е што степените не се случуваат постепено, некогаш се истовремени, а некогаш со измешан редослед. Тка Сидарта лута по светот, поминува низ будистички учења, го губи своето битие и повторно му се враќа. Во универзумот секогаш се спротивставуваат два принципи, но така космичката рамнотежа се одржува, носејќи во себе секаков облик на постоење, кое е истовремено и сопствена негација. Човекот со таквото сфаќање е во мир со себе и со целиот свет.
 
Синклер, сакајќи да се ослободи од своите соништа, ја преиспитува мрачна, скриена и потисната страна на својата личност. Додека е на раскрсница помеѓу два света, се појавува Демијан, кој го соочува со искушенија и го води во прифаќање на другиот дел од неговиот идентитет.

Судирот помеѓу два спротивставени принципи го има и во ликот на Хари Халер, „Степскиот волк“. Себе се доживува како одвоена личност, па во него има се што е умно, возвишено и култивирано, а во волкот се што е диво и хаотично.

Науката и уметноста, наизглед, делуваат како два пола присутни во човековото дејствување. Научното истражување се основа на принципи на објективност и реалност, а уметничкото изразување на израз на сопствените доживувања. Иако изгледа дека се во вечно разминување, подеднакво претставуваат патишта кои водат кон вистината и осознавањето.

Херман Хесе, во своите дела нагласува дека единствено во ретки моменти на потполна хармонија и единство со двојното човечко битие, се создава уметничко дело. Но, и самата природа на уметноста е двојна и контрадикторна. Уметникот со пренесувањето на духовната визија на човештвото, ја исполнува племенитата и боженствена цел. Но, тој е и Антихрист, бидејќи создава поубави светови кои го привлекуваат и занесуваат човекот, со што наликува на Сатаната, доведувајќи го во прашање постоењето на својот единствен Творец.

Принципите на кои се заснова човечкото битие во него се судираат, се додека осцилираат брановите на космичката енергија во неговата свест. Запознавањето со множеството контрадикции, кои кога се побројни и поголеми, ја прават личност потполна, тоа е целта на овоземното битисување. Помирување и прифаќање на спротивностите низ чинот на создавање на умот и духор, па тоа значи да се биде едно со самиот себе, со Бог и со светот.

Автор: Ивана Спасојевиќ/ kultivisise.rs
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност