X
 05.07.2017 Наука

Како сетилата влијаат врз нашите навики за купување?

сетила
Фото: Getty Images

Рекламните агенции постојано користат психолошки трикови кои нѐ тераат да ги купиме нивните производи, меѓутоа, ново истражување покажува дека тие ќе почнат да ги користат нашите сетила за да ни продаваат производи.

Според истражувањето објавено во „Journal of Consumer Research“, дисталните сензорни искуства како што се видот, мирисот и звукот ги наведуваат луѓето да сакаат да купуваат работи во подалечна иднина, додека повеќето проксимални сетилни искуства, како допир и вкус, водат кон тоа човек да сака побрзо да купи.

Видот и звукот исто така се ефикасни при продажба на предмети што луѓето би сакале да ги купат за познајниците и за други луѓе што не им се блиски. Но вкусот и допирот ги тераат потрошувачите да купуваат предмети за луѓе што им се блиски, како пријателите и членовите на семејството.

Истражувањето е корисно за рекламните агенции во разбирањето како овие сетила влијаат врз различните аспекти на навиките на купувачот, и може да им помогне поефикасно да ги рекламираат своите производи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука