X
 05.07.2017 Живот

Колку оружје поседуваат жителите на словенските земји и на кое место е Македонија?

оружје
Фото: Jakub Marian

Кога ќе помислите на голема количина оружје, веројатно првата земја што ви паѓа на ум е Америка, како и Тексас и сите проблеми со контролата на оружје. Но и словенските земји не се баш далеку - постојат диви тексашки држави помеѓу словенските земји.

Од словенските земји, Србија е таа што забележува највисока сопственост на оружје со околу 0,46 пиштоли по глава на жител (во споредба со Америка која има 0,89 пиштоли по глава на жител).

Мапата погоре е направена според податоците на „Вашингтон пост“, меѓутоа, бројките може да варираат со оглед на тоа што се направени врз основа на процени (бидејќи некои земји не бараат регистрација на оружје, а постојат и многу нерегистрирани пиштоли дури и кај оние што бараат), што значи дека во некои земји може да има многу повеќе оружје отколку што е регистрирано.

Еве како стојат работите во словенските земји кога станува збор за поседувањето оружје (од 100 поени за висока количина на оружје до 9 за ниска).

Србија - 37,8 поени (голема количина оружје)
Македонија - 24,1 поен (средна количина оружје)
Црна Гора - 23,1 поен (средна до мала количина оружје)
Хрватска - 21,7 поен (средна до мала количина оружје)
Босна и Херцеговина - 17,3 поени (средна до мала количина оружје)
Чешка - 16,3 поени (средна до мала количина пиштоли)
Словенија - 13,5 поени (средна до мала количина оружје)
Русија - 8,9 поени (мала количина оружје)
Словачка - 8,3 поени (мала количина оружје)
Белорусија - 7,3 поени (мала количина оружје)
Украина - 6,6 поени (мала количина пиштоли)
Бугарија - 6,2 поени (мала количина оружје)
Полска - 1,3 поен (мала количина оружје)

Ова значи дека Србија има 37,8 пиштоли на 100 жители, додека Полска има 13 пиштол на 100 жители.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот