X
 06.07.2017 Наука

Ако ја сопреме емисијата на штетни гасови во моментов, ќе ги сопреме ли и климатските промени?

Климата на Земјата брзо се менува. Примарната причина за тоа е ослободувањето на јаглеродниот диоксид при горење јаглен, масло и природен гас.

фото извор: Aziz Acharki/Unsplash

Една од целите на интернационалниот Договор за климатски промени од Париз е да се ограничи зголемувањето на глобалната температура од 2 Целзиусови степени. Нивото на јаглероден диоксид во атмосферата и натаму е високо. Се поставува прашањето: Ако ја стопираме емисија на штетни гасови во моментов, дали температурата на Земјата ќе продолжи да се зголемува?

Последните три децении се најтоплите досега. Северниот и Јужниот Пол се загреваат со голема брзина, а мразот на Арктикот и на Антарктикот брзо се топи, со што се зголемува и нивото на морињата и океаните. Екосистемите и на копно и во вода се менуваат.

И да престанеме со емитување штетни гасови сега, факт е дека климата нема веднаш да се врати во нормала, односно да биде како порано. Кога веќе еднаш сме пуштиле јаглероден диоксид од фосилните горива што ги гориме, тој се акумулира и се движи кон атмосферата, океаните, земјата, растенијата, животните. Ќе остане во атмосферата илјадници години. По милениуми ќе се врати во карпите, на пример, преку формирање калциум карбонат. Но, во време кое е релевантно за луѓето, факт е дека еднаш ослободениот јаглероден диоксид во нашата животна средина ќе остане засекогаш.

Нема да си замине, освен ако самите не го отстраниме.

Ако престанеме со емитување штетни гасови денес, тогаш тоа не е крај на приказната за глобалното затоплување. Не се зголемува само општата температура на Земјата, туку се загрева и водата, а се топи мразот. Па и да сопрат јаглеродните емисии сега, мразот ќе продолжи да се топи, а океаните ќе ја зголемат температурата. Климата во која ќе се развиваат екосистемите нема да биде стабилна, па следствено на тоа нема да дојде до нормала, туку ќе настанат уште повеќе промени.

Во секој случај, не е можно да се престане со емитување на јаглероден диоксид во моментов. Сепак, треба да се започне со воведување мерки за таа цел. Ако запреме со емисиите денес, нема да се вратиме во минатото, бидејќи Земјата ќе продолжи да се загрева, велат научниците. Но, доколку дејствуваме брзо, тогаш загревањето ќе биде нешто со кое полесно ќе може да се справиме – ќе ја забавиме промената и ќе имаме можност за адаптација.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука