X
 10.07.2017 Живот

Родено е првото канадско бебе без ознака за пол во здравствениот картон

Кори Доти е небинарна трансродова личност и родител од Канада што сака да му овозможи на своето дете само да го открие својот пол.

бебе
Фото: bbc.com

Во здравствениот картон на новороденчето во просторот за „пол“ стои буквата “U” што би можело да значи “undetermined” (неопределено) или “unassigned” (неназначено). Доти се бори да го исфрли полот од Изводот на родените.

Сеарил Атли е родена во ноември во дом на пријатели во Британска Колумбија. Кори Доти сака да го тргне полот од сите документи на бебето и да го одгледа на посебен начин додека тоа има чувство за себе и вокабулар за да се изрази кое е, а до тогаш ќе добива љубов и поддршка како личност без да биде ограничувано дали може да прави работи за девојче или момче.

Кори Доти, едукатор и дел од Коалицијата за идентификација без род, вели дека оние што се чувствуваат поинакви од назнаката доделена при раѓање подоцна во животот се соочуваат со проблеми обидувајќи се да ги следат своите документи.

Во конкретниот случај властите одбиле да издадат Извод од Матичната книга на родени без оваа ознака и сега истиот е разгледуван пред суд. Адвокатот на семејството за „Глобал њуз“ изјавил дека доделувањето на родот во културата се прави кога медицинското лице ќе ги крене нозете и ќе ги одреди гениталиите на бебето. Но кога станува збор за полот, идентитетот се развива неколку години подоцна.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот