X
 11.07.2017 Култура

Епизоди што повторно треба да ги погледнете во пресрет на седмата сезона на „Игра на троновите“

serija
Фото: НВО

***Внимание - Статијата содржи спојлери!***

Седмата сезона на „Игра на троновите“ почнува за една недела, на 16 јули. Тоа значи дека имате доволно време да се потсетите на најважните случувања, ликови и сцени што ја одбележаа серијата.

Можеби немате време да ги погледнете сите сезони, бидејќи ќе ви бидат потребни околу шеесет часа, меѓутоа, ви нудиме листа со седум епизоди кои се сметаат за најважните досега. Тие ќе ви помогнат полесно да ја следите и онака комплицираната приказна од серијата.

„Winter is coming“ (1 сезона, прва епизода)



Секако, најдобро е да започнете со првата епизода бидејќи таа ја дефинира целата атмосфера на серијата, нè запознава со главните теми и ликовите. Дознаваме на што сè се подготвени Серсеј и Џејми Ланистер за да ја задржат моќта, вклучувајќи го и обидот за убиство на Брен Старк кога ќе ги фати во инцестна врска. Во оваа епизода се појавува и првото навестување дека Лијана Старк би можела да има многу поважна улога во целата приказна.

„Baelor“ (1 сезона, 9 епизода)




Oбезглавувањето на Нед Старк претставува еден од дефинирачките моменти на серијата, меѓутоа, постојат и други важни моменти од оваа епизода. Тирион се среќава со Шае, Роб го заробува Џејми, Џон го добива неговиот меч од валириски челик наречен Лонгклоу, Денерис се пораѓа и Џофри станува еден од најомразените ликови во историјата на телевизијата.

„Fire and Blood“ (1 сезона, 10 епизода)



Како што вестите за егзекуцијата на Нед се шират низ седумте кралства, така се појавуваат главните ликови и нивната значајност во серијата. Роб е прогласен за кралот на северот, Тирион е прогласен за раката на кралот, Џон започнува со експедицијата близу Ѕидот и Денерис излегува од огнот со нејзините три змеја.

„The Old Gods and the New“ (2 сезона, 6 епизода)



Иако првично се чини дека епизодата нема големо значење, сепак, се случуваат важни работи - колебањето на Џон да ја убие Игрит покажува колку тој се разликува од останатите негови браќа од Најтс воч. Во меѓувреме, Тирион ја зголемува тензијата меѓу него и Серсеј, испраќајќи ја ќерка ѝ Марсела во Дорн. И секако, дознаваме колку Тион Грејџој греши со неговите постапки.

„Blackwater“ (2 сезона, деветта епизода)



Ова е првата епизода што прикажува една голема битка, и веројатно една од најдобрите. Во оваа епизода ја дознаваме силата на грчкиот оган, таинствениот течен експлозив, кој ја уништува флотата на Станис Баратеон. Ситуацијата ја спасува брзото реагирање на Тирион Ланистер, кој се покажува како многу подобар лидер од својот внук Џофри. Можно е повторно да го видиме Тирион во акција во седмата сезона.

„Valar Morghulis“ (2 сезона, десетта епизода)



Во Кингс Лендинг, Тирион и Санса се тргнати настрана од Џофри, а Тајвин и Марџери се избрани како раката на кралот и наредната кралица. Тион е предаден од неговите луѓе кои го предаваат на Болтон во Винтерфел. Роб ја прави најголемата грешка во неговата воена кариера со одбивањето да го отплати долгот кон Волдер Фреј и да се омажи за Талиса, а Жакен ја кани Арја да стане „човек без лице“.

„And Now His Watch Is Ended“ (3 сезона, 4 епизода)




Финалната сцена од оваа епизода го одбележува значајниот пресврт во серијата. Откако доби контрола над 8.000 Ансулид, Денерис ја започнува битката против ропството. Џејми ја губи раката.

„Kissed by Fire“ (3 сезона, петта епизода)



На прв поглед оваа епизода можеби и не е толку важна, меѓутоа, таа ги поставува темелите за развивањето на неколку приказни. Политичките сплетки помеѓу Роб Старк и неговите следбеници ќе се водат според расплетот на крвавата свадба која ќе се случи неколку епизоди подоцна. Литлфингр започнува да ја користи Санса во своето заземање на моќта и се обидува да го спречи нејзиниот брак со Лорас Тајлер. Нивната приказна продолжува во новата сезона.

„Second Sons“ (3 сезона, осма епизода)




Санса се мажи за Тирион. Мелисандра покажува што мисли под тоа: „Постои моќ во крвта на кралот“, додека Денерис го среќава Дарио Нахарис и презема контрола над Вторите синови. Сем открива дека Белите шетачи може да се убијат со стакло од змејови.

„The Rains of Castamere“ (3 сезона, деветта епизода)



Оваа епизода е попозната по насловот „Red Wedding“, а дури и луѓето што не се фанови на серијата веќе знаат за што станува збор. За многу луѓе случувањата од оваа епизода беа шокантни. Роб Старк е предаден од Фреј во соработка со Ланистер. Арја им се одмазди на Валдер Фреј и на неговите синови, но сака да им се одмазди и на членовите од семејството Ланистер.

„The Lion and the Rose“ (4 сезона, втора епизода)



Уште една свадба и уште една шокантна смрт - иако за оваа смрт се радуваа голем број фанови. Тензиите растат низ епизодата како што Џофри го малтретира Тирион. Но, садистичкиот крал е отруен од непознат убиец и конечно умира.

„The Mountain and the Viper“ (4 сезона, осма епизода)



Откако Тирион бара судење со борба за да докаже дека е невин и дека не го убил Џофри, неговиот шампион, Оберин Мартел, се соочува со Грегор „Планината“ Клегејн. За жал, очајот за одмаздување на сестрата на Оберин, која била убиена и силувана од Планината, се испречи на патот и ја запечати судбината на Оберин.

„The Children“ (4 сезона, десетта епизода)



Финалето од четвртата сезона го прикажува крајот на тензијата во семејството Ланистер, како што Тирион го убива Тајвин, откако Џејми му ја отвора вратата од затворот. Потоа тој се качува на брод кој патува во Есос, заедно со Варис - патување кое го носи до запознавање на Денерис.

„Unbowed, Unbent, Unbroken“ (5 сезона, шеста епизода)




Рамзи стапува во брак со Санса, а потоа го тера Тион да гледа како ја силува. Ова е една од најконтроверзните епизоди, која ја илустрира садистичката бруталност на Рамзи.

„Hardhome“ (5 сезона, осма епизода)




Во оваа епизода конечно гледаме колку е силен ноќниот крал. Џон Сноу и неговите сојузници едвај ја преживуваат битката со ноќниот крал и неговите Бели шетачи, но битката не е готова. Ноќниот крал ја прикажува својата моќ кога ќе почне да ги оживува мртвите за да ги регрутира во својата војска.

„The Dance of Dragons“ (5 сезона, деветта епизода)



Оваа епизода е полна со емоции. Станис ѝ дозволува на Мелисандра да ја запали неговата ќерка Ширин, а Денерис го јавна нејзиниот змеј.

„Mother's Mercy“ (5 сезона, 10 епизода)



Епизодата чија премиера беше десет месеци по дебатата за судбината на Џон Сноу. Баратеон оди во битка со Болтонс, Санса и Тион се обидуваат да избегаат од Винтерфел, Арја избриша уште едно име од нејзината листа со луѓе што треба да ги убие, а Серсеј ја изврши таканаречената „прошетка на срамот“.

„Home“ (6 сезона, втора епизода)



Џон Сноу е жив! Токму кога се чинеше дека нема надеж за омилениот лик на сите луѓе, Мелисандра ги искористи своите моќи и го воскресна од мртвите.

„The Door“ (6 сезона, петта епизода)




Брен конечно дознава дека неговите способности за патување низ времето се прилично опасни. Како што Белите шетачи се доближуваат до Брен, дознаваме за Ходор и моментот со вратата!

„Battle of the Bastards“ (6 сезона, деветта епизода)




Старк конечно се во битка со Болтонс за контрола на северот, кулминирајќи со еден од најдолгоочекуваните смртни случаи - смртта на Рамзи.

„The Winds of Winter“ (6 сезона, десетта епизода)



Финалето на последната епизода има големо значење. Серсеј ги победува своите противници со помош на огнот, откако нејзиниот син ќе изврши самоубиство, што повторно ѝ дава можност да преземе контрола над Железниот трон. Арја го убива Валдер Фреј, Џон Сноу станува крал на северот, Брен открива дека Џон е син на Лијана Старк. Денерис оди кон Вестерос.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура