X
 11.07.2017 Наука

Научниците не знаат зошто од Плутон доаѓаат силни емисии на х-зраци

Планетата Плутон и понатаму е извор на фасцинација и точка на фокус на многу научници. И покрај историското прелетување на „New Horizons“ во јули 2015 година, остануваат уште многу мистерии поврзани со планетата.

фотоизвор: NASA/JHUAPL/SwRI

Новите анализи носат и нови мистерии. На пример, неодамнешна студија на тим на астрономи покажува присуство на силни емисии на х-зраци што доаѓаат од Плутон. Со ова, научниците го ставаат под знак прашалник она што веќе го знаат за атмосферата на планетата. Во минатото биле набљудувани многу небесни тела што емитираат х-зраци, кои биле резултат на интеракција помеѓу соларниот ветер и неутралните гасови (како аргон и азот). Такви емисии биле забележани од планетите Венера и Марс, но и од помали небесни тела како комети. По анализите во 2015 година, астрономите знаат дека Плутон има атмосфера која ги менува големината и густината со менувањето на сезоните (годишните времиња).

Додека планетата била анализирана, била идентификувана атмосфера која во основа е составена од азотен гас, заедно со метан и јаглероден диоксид. Затоа астрономите се одлучиле да проверат дали и од оваа планета има емисии на х-зраци. Сметале дека ќе пронајдат вакви емисии поради интеракцијата на соларниот ветер со малата густина од неутрални гасови што го опколуваат Плутон. Но, откриле емисии кои се далеку поголеми од очекуваното.

Засега вистинската причина за емисиите на х-зраци од Плутон останува мистерија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука