X
 12.07.2017 Образование

Деби на Правниот факултет од УКЛО во Европскиот суд за човекови права

debi

Првото учество на студентите од Правниот факултет на УКЛО пред Европскиот суд за човекови права ја отвора можноста оваа единица на УКЛО во процесите на едукација, јакнење на знаењата и аргументацијата да ги вклучува сите студенти кои покажуваат вакви вештини и можност низ правна логика да се снаоѓат во најразлични ситуации кога се во прашање заштитата и одбраната на човековите права како врвни доблести на современото живеење, низ симулирани судења.

2

Благодарение на клубот „Titus Flavius Orestes“, Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола, дебитираше на 6-от по ред „FUTURA Regional Moot Court“ за европско процесно право, односно за случаи пред Европскиот Суд за човекови права, кој од 30 јуни до 2 јули, 2017 година, се одржа во Ниш, Република Србија. Клубот го претставуваа студентките Јулија Јуртоска, Јулијана Јошеска и Марина Илиеска кои ја сочинуваа страната на апликантот, односно Стефанија Атанасовска, Наташа Ласовска и Олгица Дејкоска кои ја сочинуваа страната на респондентот. Студентките работеа под менторство на доцентите: .д-р Ангелина Станојоска, д-р Мирјана Ристовска и д-р Елена Тиловска - Кечеџи.  Начинот на работа им овозможи на студентите стекнување практично искуство за работата на Европскиот суд за човекови права, претходно долго истражување на областа која ја опфаќа Европската Конвенција, проширување на знаењата за областа на човековите права, тимска работа, можност да се почувствува секојдневниот притисок на реалноста во правничката работа.

3

Инаку, станува збор за регионален МООТ COURT натпревар пред ЕСЧП, кој се состои во изведување на симулирани судења на зададен  хипотетички случај, каде што студентите се најдоа и во улога на подносители на претставка и ги бранеа своите ставови и оправданоста согласно со правото, а и во улога на респондети, тужена држава, која со сета правна аргументација мораше да ги побие наводите на тужителот. Тимовите симулираа вкрстено со други факултети, стекнувајќи се притоа со уште поголемо знаење и искуство во областа. Се здобија со сертификати за десетнеделен курс за Европската конвенција за човекови права и јурисприденцијата прес Европскиот суд за човекови права, како и сертификат за освоено второ место. Клубот „Titus Flavius Orestes“ го создадоа ентузијасти и меѓу студентите и меѓу професорите, истиот ќе продолжи да постои, ќе продолжи да учествува на регионалните moot court натпревари од оваа област, затоа што,како што нагласуваат од Правниот факултет при УКЛО, ние сме факултет  што сакаме да им го обезбедиме најдоброто на нашите студенти и тоа ќе го правиме и во иднина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование