X
 18.07.2017 Култура

Детали што можеби сте ги пропуштиле во најновата епизода на „Игра на троновите“

1
Фото: НВО


***Внимание: Статијата содржи спојлери од првата епизода од седмата сезона на „Игра на троновите“:

Долгоочекуваната седма сезона на мегапопуларната „Игра на троновите“ конечно започна. И тоа со доста интересен почеток што ги задоволи скоро сите фанови. Помеѓу „Црвената свадба“ реализирана од Арја, пристигнувањето на Денерис во Драгонстоун и Тормунд/Бриен моментите, имаше и неколку значајни моменти што можеби не сте ги забележале.

Валирискиот челичен нож искористен во обидот за убиство на Брен во првата сезона се појави во една од украдените книги од Цитадел.

2
Фото: НВО


Сем украде неколку книги од забранетиот дел од библиотеката на Цитаделата. Додека ги прелистуваше страниците, се појави цртеж со доста важно оружје.

Ножот често пати се нарекува „сечило на мачорот“. Знаеме дека ножот бил направен од валириски челик, a дршката била направена од коска од змеј, меѓутоа, неговото потекло е голема мистерија.

Врз основа на книгата на Сем, се чини дека сега знаеме дека ножот е античко оружје на Таргариен.

  Кај кого е сега ножот?

3
Фото: НВО


Во книгите, Литлфингр го зеде ножот од Нед Старк кога го предаде. Но во серијата сè уште не се знае каде е - се претпоставува дека е кај Арја Старк, но постои и теорија дека е во Литлфингр.

Песната што ја пееше Ед Ширан има приказна - баладата има огромно значење за книгите.

5
Фото: НВО

Во книгата, Тирион ја чува својата љубовница Шај во куќа во Кингс Лендинг. Ова значеше дека Тирион постојано патуваше до куќата. Пејачот Симон Силвер Танг се спријатели со Шај и се обиде да го уценува Тирион за да му помогне и да пее на кралска свадба - инаку ќе пее песна за Тирион и Шај за целиот свет да ја слушне.

Еве ги стиховите од песната, напишана за Тирион и Шае:

He rode through the streets of the city,
Down from his hill on high,
O'er the wynds and the steps and the cobbles,
He rode to a woman's sigh.

For she was his secret treasure,
She was his shame and bliss.
And a chain and a keep are nothing,
Compared to a woman's kiss.

For hands of gold are always cold,
But a woman's hands are warm.


„Hands of gold“ се однесува на синџирот на Тирион што тој го носел како рака на кралот - истиот синџир што го искористил за да ја убие Шај во книгите.

6
Фото: НВО

Во книгите, Тирион носи златен синџир направен од поврзани раце. Тој го искористи синџирот за да ја убие Шај, велејќи дека „for hands of gold are always cold“, додека ја убива.

Серијата ја промени оваа сцена, со тоа што песната воопшто не беше споменета - досега. Појавата на Ед Ширан беше одлична шанса за вметнување на песната.

Сцената каде што Сендор Клегејн копа гроб е уште еден „поздрав“ до читателите на книгите, и е поврзана со нaјвозбудливата теорија.

7
Фото: НВО

Сендор Клегејн беше оставен да умре и во книгите и во серијата. Многу луѓе започнаа да теоретизираат како би се вратил Сендор, а една од теориите беше наречена „Копач на гробови“.

Во книгите, Бриен од Тарт посетува манастир и зборува со постариот брат, кој тврди дека го пронашол Сендор мртов и го закопал. Но Бриен забележува огромен човек како копа гробови, додека неговиот коњ се наоѓа во шталите во близина.

Тука можете да ја прочитате целосната теорија, но целта е дека многумина веруваат дека Сендор само се маскирал како копач на гробови во овој манастир.

Оваа теорија предизвика уште една, поекстремна, наречена „Клегејнбоул“.

8
Фото: НВО

Теоријата вели дека Сендор и Грегор Клегејн (Загарот и Планината) ќе се борат до смрт во епска борба. Продуцентите на „Игра на троновите“, Дејвид Бениоф и Д.Б.Вајс, се чини дека се свесни за оваа теорија.

Со тоа што Сендор копа гроб во првата епизода од седмата сезона се чини дека Дејвид и Вајс ни даваат некаков предзнак дека ќе се случи борбата која фановите едвај чекаат да ја видат.

Кралот на ноќта буквално со себе носи бура

9
Фото: НВО

Во финалето од шестата сезона, Џон Сноу им се обрати на лордовите на северот да ги здружат замоците и да ја чекаат зимата. „Вистинскиот непријател нема да ја чека бурата. Тој ја носи бурата“, рече Џон Сноу.

Се чини дека Џон Сноу го мислел тоа буквално - кралот на ноќта во премиерата на седмата сезона оди напред среде огромна снежна бура, со илјадници Бели шетачи зад него.

Фановите долго време се прашуваа дали Белите шетачи се адаптирале на студеното време и дали ќе се појават дури и кога надвор е најстудено или, пак, самите го предизвикуваат студеното време. Сега го имаме одговорот.

„Подарокот“ на Еурон Грејџој за Серсеј ќе биде одбиен

9
Фото: НВО

Кога Серсеј го одби предлогот за брак на Еурон, тој ѝ рече: „Потребен ти е доказ за моите искрени намери. Според моето искуство, најсигурниот пат до срцето на жената е подарокот - бесценет подарок. Не се враќам во Кингс Лендинг додека не го имам подарокот за тебе“.

Во описот објавен од Ејџ-би-о за третата епизода пишува: „Серсеј враќа подарок“. Голема е веројатноста ова да е подарокот од Еурон што ѝ го ветил.

Последниот ситен детал беше во најавната шпица. Додаден е нов град! Цитаделата во Олдтаун!

1о
Фото: НВО


Најавната шпица минатата сезона имаше сличен детал. Симболот над Винтерфел му припаѓаше на Болтон скоро две сезони, а потоа конечно го покажа страволкот на Старк во финалето од шестата сезона.

Сега, одлично е тоа што Олдтаун е додаден на листата на градови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура