X
 18.07.2017 Здравје

Нова студија покажа дека можеме да се здебелиме само од мирисот на храната


Прженица во тавче
(Фото: Getty images)

„Ескваер“ пишува за новото истражување спроведено од страна на Калифорнискиот универзитет во Беркли кое утврди дека мирисањето храна пред консумирањето може да го поттикне телото да ги складира мастите наместо да ги согорува, што води кон дебелеење. Од некои причини, сетилото за мирис силно влијае врз метаболизмот и апетитот.


Студијата, објавена во стручното списание Cell Metabolism, е извршена на лабораториски глувчиња, па поради тоа е прелиминарна, но резултатите се прилично јасни. Глувчињата со изразено сетило за мирис добиле многу повеќе тежина кога биле хранети со хамбургери отколку глувчињата без сетило за мирис. Глувчињата со нормално сетило за мирис се здебелиле еднакво како и глувчињата што немале сетило за мирис.

Блокирање на мирисите за да ослабите?

Глувчињата без сетило за мирис добиле само педесет проценти од својата тежина кога биле на режим на исхрана со масна храна, додека, пак, глувчињата со нормално сетило добиле сто проценти од тежината. Кога на овие глувчиња им било отстрането сетилото за мирис, ослабеле до својата нормална тежина без никаква промена во исхраната.

Научниците сметаат дека можеби постои нешто што би можело привремено да го блокира сетилото за мирис кај одредени луѓе, со што би ги поттикнало да престанат да копнеат по храна и да се прејадуваат. Но, сосема е сигурно дека нема да биде доволно само да се затне носот за да ослабете. Луѓето што немаат сетило за мирис се склони кон депресија, бидејќи мирисот е особено значаен за човековото однесување и без него се лишени од секое уживање во храната.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје