X
 19.07.2017 Наука

Активности на Сонцето може да предизвикаат потреси и ерупции на Земјата

Американската вселенска агенција НАСА предупредува дека овие денови може да се случи глобална катаклизма во облик на големи соларни факли кои би можеле да предизвикаат земјотреси и вулкански ерупции.

земја
Фото: Youtube

Како што наведува агенцијата, постои голема можност на Земјата да се случи коронална експлозија која би можела да предизвика сериозна катаклизма во облик на можни вулкански ерупции и земјотреси.



Анализирајќи ги податоците на сателитите на НАСА, научниците всушност најавија дека последици може да има врз електричната енергија и комуникациите, па се очекуваат напонски скокови и прегревање или експлозија на трансформатори.



Моментот кога факелот го напушта Сонцето е забележан со голем спектрометриски коронограф LASCO, телескоп кој е дизајниран да ја блокира заслепувачката светлина од Сонцето за да се проучуваат неговите емисии.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука