X
 19.07.2017 Наука

Елон Маск: Нерегулираната вештачка интелигенција би можела да биде најголемиот ризик со кој ќе се соочиме како цивилизација

Како гостин-говорник на Летниот состанок на националното владино здружение за 2017, претприемачот и иноватор Елон Маск зборува на повеќе теми, меѓу кои и вештачката интелигенција.

маск
Фото: NVIDIA Corporation/Flickr

Во текот на говорот, акцентот го стави на тоа владата на САД со закон да го регулира развојот на вештачката интелигенција. Тој не се плаши од ВИ, но се плаши од она што може да се случи доколку истата не е регулирана.



Тој вели дека едно можно решение е рано да се регулира што може да се прави, а што не, и додава дека вештачката интелигенција е основен ризик за опстанокот на човечката цивилизација.

Неколку претставници од владата на САД го прашале Маск како е можно да се регулира индустрија која е толку нова, а неговиот одговор на тоа е дека првин треба да се научи за неа колку што е можно повеќе, да се разбере природата на нештото.

Доколку ова не успее, Маск има други потенцијални планови за акција доколку ВИ стане непријателска. Едниот е Neuralink, кој ќе му даде можност на човештвото да биде во чекор со ВИ, а друг план е да се стигне до Марс, при што човештвото би имало потенцијален втор дом.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука