X
 20.07.2017 Наука

Експертите предупредуваат: Глобалното затоплување е на највисокото ниво во последните 115.000 години

klima

Минатиот месец беше најтоплиот од почетокот на мерењето на глобалниот пораст на температурите на Земјата, додека последните три години се најтоплите години.

Мерењата покажаа дека глобалното затоплување моментално е на највисокото ниво во последните 115.000 години, а експертите стравуваат дека нема да успееме да го ограничиме загревањето до 1,5 или 2 Целзиусови степени.

Поразителните податоци ги објави американската Национална агенција за истражување на океаните и атмосферата „Noaa“, која во извештајот наведува дека најтопол бил јуни минатата година со 0,92 степени над просечната температура во 20 век.

НАСА минатата недела објави малку поразлични податоци, според кои јуни 1998 година бил најтопол месец, а јуни 2016 година е четврти по ред. Врз основа на нивните податоци, научникот Гавин Шмидт проценил дека 2017 година ќе биде една од трите најтопли години од почетокот на глобалното мерење, веднаш зад 2016 година.

klima

Опасното растење на температурата на Земјата е предизвикано најмногу од емисијата на стакленички гасови создадени од фосилните горива. Експертите предупредуваат дека нивото на глобалното затоплување ќе ја премине границата од 1,5 степен до 2040 година, а можеби и порано.

Енди Питман од Универзитетот во Нов Јужен Велс вели: „Според мене, за да го ограничиме загревањето до 2 Целзиусови степени мораме итно да ја подигнеме свеста за климата и побрзо да ја намалиме емисијата на стакленички гасови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука