X
 20.07.2017 Технологија

Можете ли да препознаете лажна фотографија?

Идентификувањето на лажните вести е лесно – особено ако има очигледни промени на приложените фотографии.

Нова студија од универзитетот „Ворвик“, може да објасни зошто десетици илјади корисници на „Твитер“ ја споделуваа фотографијата од последниот Г20 самит.

фото извор: Getty Images

Фотографијата не е реална.

Студијата опфаќа преку 700 учесници за да се испитаат две фотографии и да се одреди која е фалсификувана. Резултатите покажале дека 4 од 10 лица не можеле да ја препознаат фалсификуваната фотографија.

Која фотографија е оригиналната?

фото извор: Sophie Nightingale/University of Warwick

фото извор: Sophie Nightingale/University of Warwick

Учесниците биле прашани: „Дали мислите дека оваа фотографија е дигитално фалсификувана и променета?“

Процентот на успешно препознавање е 60 проценти. Студијата исто така открила дека дури и оние кои препознале која фотографија е лажна, само 45 проценти од нив знаеле зошто. Вкупно 10 фотографии биле искористени од „Гугл“ за студијата и 6 од нив биле изложени на 5 различни манипулации. На учесниците никогаш не им бил покажан оригиналот и една од манипулациите на истата фотографија два пати.  Па што е она што е променето:

Горната фотографија е она која е променета. Линијата на дрвото е променета, додаден е брод и има ефекти на лицето од човекот.

Можете да си ја пробате среќата во препознавањето на фалсификатите од студијата на универзитетот  „Ворвик“ на овој линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија