„Фејсбук“ би можел да воведе плаќање на месечна претплата на медиумските вести од октомври, според изворите од оваа компанија.
Фото: Getty
Кампбел Браун, интернет-претприемач, кој меѓу другото е вклучен во овој проект, изјавил за странски медиуми дека постои можност вакво нешто наскоро да се случи.
„Ние сме во рана фаза на договори со некои големи медиумски куќи околу изработка на бизнис-модел за претплата на Фејсбук. Како дел од фејсбук-новинарството, го користиме времето да работиме заедно со нашите партнери и да ги разбираме нивните потреби“.
Проектот и натаму е во фаза на изработка, но се наведува дека медиумските компании ќе нудат само десет бесплатни објави месечно, а сѐ останато ќе мора да се плаќа. Откако ќе ги отворите овие десет линкови, од одредени медиумски куќи што сте ги лајкнале ќе добиете понуда да се претплатите на одредени објави.
Близок извор до „Фејсбук“ тврди дека медиумските компании на социјалната мрежа ќе ѝ дозволат да ја задржи целосната контрола над тоа чии
приказни ќе се плаќаат, но и над податоците на своите читатели.