X
 21.07.2017 Технологија

Новата мобилна апликација „Мој Документ“, корисна алaтка за излез од административните лавиринти

app

Ротаракт клуб Широк Сокак Битола во соработка и помош од Ротари клуб Широк сокак Битола имаат чест да го претстават нивниот најнов проект апликацијата „МОЈ ДОКУМЕНТ“. Се работи за проект кој е во процес една година и конечно ги достигна своите крајни маргини. Мотив за отпочнвање на оваа Апикацијата e живеењето во брзо општество во кое постојано се создаваат нови административни процедури, како и честа промена на законите.

Со таа цел  граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин да стигнат до потребните информации како да си ги остварат своите права, односно како да стигнат до потребните документи од административна страна.

Проектот „МОЈ ДОКУМЕНТ“ претставува апликација во која се систематизирани информации и обрасци за повеќе од четириесет административни процедури, кои ќе им помогнат за издавање на потребните документи од шест различни институции односно, Основен суд, Фонд за здравствено осигурување, судството, Министерство за внаттрешни работи, Агенција за катастар и недвижности, Управата за водење на матични книги и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.

Апликацијата „МОЈ ДОКУМЕНТ“ е прикачена и достапна за оперативниот систем android  на Google  Play Store и паралелно е направена е и за системот ios, во зависност од потребата на корисникот.  Се планира и дополнување со уште три институции и секако промоција на проектот.

Апликацијата можете да ја инсталирате на Вашиот мобилен телефон на линковите подолу:

1

2

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија