X
 21.07.2017 Технологија

Успешно тестиран „Hyperloop“ - Елон Маск ќе гради линија помеѓу Њујорк и Вашингтон

Елон Маск добил идеја за креирање на хипер тунели низ кои ќе може да се патува со брзина од над 1000 километри на час. Тој не е заинтересиран да ги гради самиот, па неговата идеја претставува предизвик за други. Овие тунели би биле:

фото извор: DAVID BECKER/STRINGER

-    Побезбедни
-    Побрзи
-    Помалку би чинеле
-    Поудобни
-    Имуни на временските прилики/неприлики
-    Одржлива моќ
-    Отпорни на земјотреси
-    Не се пречка за сообраќајот на патиштата

Идејата на Маск се базира на ваков предлог од 1972 година за креирање на магнетни левитирачки тунели, кои се протегаат во вакуум цевка со низок притисок. Компанијата „Хајперлуо Уан“ соопштила дека на 12 мај годинава, бил тестиран ваков тунел создаден во пустина во Невада. На тестот била постигната брзија од над 100 километри на час, што значи била постигната првата фаза. Биле тестирани и сите други компоненти во системот. Очигледно е потребно уште многу за да се достигне посакуваната брзина, но сепак се работи за возбудлив момент. Освен тоа, компанијата соопштила и дека креирала прототип на возило создадено од алуминиум и користи како што велат од компанијата„линеарен електричен“ мотор.

Елон Маск пак, иако не бил заинтересиран за градење на вакво нешто, на својот „Твитер“ профил објавил дека добил вербално одобрување за да изграде подземен тунел помеѓу 4 станици. Уште не е јасно кој го одобрил ова и како успеал да добие одобрение. Но, тој дал мала најава во својата објава дека се работи за станиците Њујорк, Филаделфија, Балтимор и Вашингтон. Возот да транзитира помеѓу градските центри. Преку тунелот ќе може да се оди од Њујорк до Вашингтон за 29 минути.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија