X
 24.07.2017 Образование

Прелиминарни резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2017/2018

Министерството за образование и наука информира дека денеска се објавени прелиминарните резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Ве известуваме дека сите ученици кои се пријавиле на конкурсот за јавните ученички домови се примени, освен во случаите кога не е доставена комплетната документација. По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука до Комисијата за ученички домови за средни училишта. По завршувањето на рокот за поднесување приговори на 27.07.2017 година, Министерството за образование и наука ќе ја објави конечната листа на примени ученици во јавните ученички домови.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28.07 до 04.08.2017 година или се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7.08 до 11.08.2017 година во Министерство за образование и наука.  Повеќе околу потребната документација и конкурсот можете да најдете овде.

За подетални информации околу поднесувањето приговор или конкурсот, обратете се на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140 -147, или на следнaта електронска адреса: sefa.sadije@mon.gov.mk

Прелиминарни листи за прием на ученици:

1. „Мирка Гинова" - Битола

2. „Лазар Лазаревски” – Велес

3. „Крсте П. Мисирков” – Кавадарци

4. „Проф. Мијалковиќ” – Куманово

5. „Боро Менков” – Крива Паланка

6. „Ванчо Питошески” – Охрид

7. „Кочо Рацин” – Свети Николе

8. „Димитар Влахов” – Струмица

9. „Здравко Цветковки” – Скопје

10. „Д-р Панче Караѓозов” – Скопје

11. „Св. Наум Охридски” – Скопје

12. „Димитар Влахов” ЗРО – Скопје

13. „Партение Зографски” – Скопје

14. „Искра" - Штип

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование