X
 26.07.2017 Вработување

Оглас за вработување! Услови кои треба да ги исполнувате за директор на ЈП „Паркови и зеленило" - Скопје

Врз основа на член 50 став став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија 6р. 05/02), a во врска со член 23 од Законот за јавни претпријатија („Службен весник на Република Македонија, 6р. 38/1996; 9/1997; 6/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014; 138/2014; 25/2015; 61/2015 и 39/2016) а, согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на Директор на ЈП „Паркови и зеленило" бр. 085497/1 од 24. 07. 2017, Градоначалникот на Град Скопје, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило" - Скопје

1 Кандидатите за избор на директор треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- да има минимум пет години работно искуство,
- поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) - најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (Б2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) - положен или БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода, и
- има положено психолошки тест и тест за интегритет.

2. Кандидатите за директор покрај доказите за исполнување на горенаведените услови треба да ја достават и следната документација:
- пријава со кратка биографија;
- доказ за работен стаж;
- предлог програма за работа и развој на претпријатието.

3. Потребната документација кандидатите се должни да ја достават во оригинал или копија заверена на нотар.

4. Рокот за поднесување на потребна документација изнесува 30 работни дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс во дневниот печат.

5. Пријавите на кандидати се доставуваат до архивата на Град Скопје - со назнака Градоначалник на Град Скопје, „За јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Паркови и зеленило" - Скопје.

6. Директорот се избира со мандат од 4 години.

7. Известувањето за извршениот избор до кандидатите ќе се изврши писмено по донесување на Одлука за избор.

8. Ненавремената и нецелосна документација нема да биде разгледувана.

Град Скопје
Градоначалник
Коце Трајановски
Активен до:    24.08.2017

Издвојуваме

Вработување