X
 27.07.2017 Живот

До 2040 година во Велика Британија ќе престанат да се продаваат автомобили на бензин и дизел гориво

Новите дизел и автомобили на бензин, ќе бидат отстранети до 2040 година како дел од мерките за борба против загаденоста на воздухот. Ова се очекува да биде објавено од владата на Велика Британија. Ќе се одвои буџет од 255 милиони фунти, а со тие средства ќе им се помогне на локалните совети во креирањето на мерки за справување со загаденоста.


Критичарите велат дека 2040 година е веќе доцна за ваква мерка, па порачуваат ова да се реализира до 2025. Слични вакви планови беа најавени и во Франција, па таму се забрзува менувањето на електрични автомобили.

Загадувањето на воздухот е поврзано со околу 40 илјади прерани смртни случаи годишно во Велика Британија, а сообраќајот е во голем дел одговорен за емитувањето на штетни гасови.

Одговорните лица сметаат дека потребно е да се преземат драстични мерки за што побрзо справување со овој проблем.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот