X
 27.07.2017 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на месецот?

Денес е четврток, 27 јули 2017 година, 208-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:17, а ќе зајде во 20:01 часот. Денот ќе трае 14 часа и 44 минути.

Ова утро во Македонија имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а повеќе сончеви периоди во овие рани утрински часови имаме во источните и југоисточните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и посвежо време. Попладне во северозападните, западните како и во крајните североисточни предели и областа на Малешевијата развој на нестабилност и услови за врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време. Доцна попладне развој на нестабилност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок стабилизација на времето. По свежото утро со утрински температури од 8 до 17 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со дневни температури од 22 до 34 степени. Сончево и топло време и во следните денови. Во сабота минималните температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 25 односно до 37 степени. Во недела и понеделник сончево и топло време со дополнителен пораст на температурите кои што ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во недела утринските од 11 до 20 степени, додека пак дневните од 28 до 39 степени, а во понеделник минималните од 12 до 21 степени, додека пак максималните идентични од 28 до 39 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот