X
 30.07.2017 Култура

HBO ќе снима мини-серија за катастрофата во Чернобил


Чернобил
(Фото: AFP)

Ејч-би-о наскоро ќе почне со снимање на мини-серија за катастрофата во Чернобил. Во 1986 година, поради небезбедниот дизајн на советските нуклеарни реактори и човечка грешка дојде до експлозија во чернобилската нуклеарна електрана. Самата експлозија не беше толку разорна колку што предизвика испуштање на огромна количина радиоактивна прашина, дури деветпати поголема во споредба со бомбата фрлена врз Хирошима. Овој инцидент е прогласен за најголема нуклеарна катастрофа во историјата.

Серијата на Ејч-би-о ќе се обиде да одговори на прашањата зошто и како се случи несреќата, но истовремено ќе ги опфати и случувањата што му претходеа на инцидентот, самата експлозија, но и последиците од катастрофата на глобално ниво. Особен акцент во серијата ќе се стави на храбрите луѓе што го ризикуваа сопственото здравје во напорите да ги расчистат контаминираните подрачја.

Во главната улога во овој мини-серијал ќе го гледаме Џаред Харис (Mad Men, The Expanse) како Валериј Легасов, прочуениот научник кого руската влада го поставила за главен истражувач на несреќата. Серијата ќе ги прикаже и сплетките на советската влада во настојувањето да се забошоти целиот настан, поради што на крајот Легасов извршил самоубиство.

„Чернобил“ ќе има пет епизоди, а сценариото за серијата го напиша сценаристот на последните две продолженија на „The Hangover“,  Крег Мазин, а ќе режира Јохан Ренк, режисерот на последните три епизоди на „Vikings“ и „Breaking Bad“.

Ејч-би-о веќе почна со претпродукција, а снимањето е закажано за пролетта 2018.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура